Дескоска: Задолжително вработување на лица со посебни потреби во администрација

Новата Влада на СДСМ ќе воведе задолжителна квота за вработување на лица со посебни потреби во државната и јавна администрација. Цврсто се обврзуваме дека ќе обезбедиме поддршка од 70 отсто од просечната плата  за 1 година, но работодавачот да ги задржи на работа најмалку уште 2 години. Наместо како до сега 700 денари, ќе обезбедиме по 1.500 денари за корисници на социјална помош, за семејства без ниту еден вработен или со повеќе од два члена, од кои еден е пензионер прва група, со повеќе од два члена од кои еден е вработен и има минимална плата, рече Рената Тренеска Дескоска носителот на листа на СДСМ и коалициските партнери за изборната единица 1, на средбата во Националниот соевт на инвалидски организации.

Владата на СДСМ, додаде таа,  ќе ги зголеми средствата за имплементација на ратификуваната Конвенција на Обединетите нации за права на лицата со посебни потреби. Лицата со посебни потреби ќе имаат пристап до новоизградените објекти, пристапна рампа ќе има во најмалку 50 отсто од училиштата, ќе се субвенционира полагањето  возачки испит за овие лица, и за нив ќе се воведе  скратено работно време .