понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 48

Деспотоски: Секогаш народот одлучува кој ќе победи на избори

despotovski-1

Поврзани вести

Последните избори во Република Македонија во 2014 година ги набљудуваа и учевствуваа околу 70 илјади луѓе на гласачките места, кои дел беа од избирачките одбори, дел како набљудувачи, дел од невладини организации, МОСТ итн. Никој од нив не забележа и не пријави ништо, а нити пак вие сте се пожалиле дека некој ви извршил притисок и дека сте гласале под притисок. Сето она што сака СДСМ сега да го инфилтирира, не врви кај народот и тоа ќе го видите напролет.

Вака пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Благоја Деспотоски ја започна својата реплика на вчерашната седница каде пратениците дискутираа за законите кои произлегоа од договорот од Пржино.

Во продолжение Деспотоски се осврна и на обвинувањата од страна на пратениците од СДСМ во врска со регуларноста на изборите.

Јас само ќе ви кажам едно, чесни беа само изборите во 1990 година. Од 1994, 1996 и 1998 година, постарите ваши членови нека ви објаснат што се правеле и што направиле за да бидат нечесни тие избори, истакна Деспотоски.

На крајот пратеникот Деспотоски им порача на пратениците од СДСМ дека секогаш народот одлучува кој ќе победи на изборите.

Но како што гледате, што и да правите, како и да правите, секогаш победуваше тој што народот сакаше. Сите избори од 2006 наваму, ве убедувам дека изборниот процес се подобруваше. Тоа е вистината. Се друго што зборувате вие, знаат граѓаните дека лажете,заврши пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Деспотоски.

Најчитани вести