Деспотоски: Во моментов се решава проблемот со депонијата во Кичево

доволно информирана во врска со овој проблем и детално објасни како овој проблем се решава во моментов.

„Овој проблем се решава на овој начин. Значи преку Министерството за животна средина се обезбедени 4 милиони евра за југозападниот, пелагонискиот и скопскиот плански регион. До крајот на годинава како прва фаза треба да се избере економски оператор кој ќе работи на евалуација на пристигнатите понуди чија обврска е изработка на регионален план за управување со отпад во југозападниот плански регион. Во втора фаза регионалниот одбор за управување со отпад составен од градоначалници од југозападниот плански регион во кој спаѓа и Кичево, треба да изберат варијанта за изградба на депонијата преку начинот кој ќе биде соодветен за потребите и можностите“, објасни Благоја Деспотоски.

Како поранешен градоначалник на Општина Кичево, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Благоја Деспотоски нагласи дека во мандатот додека тој бил градоначалник на Кичево, како што рече тој, преземал низа активности за решавање на овој горлив проблем за кичевчани.

„Не чекајќи од останатите градоначалници од нашиот плански регион, бидејќи тие не беа заинтересирани за решавање на овој проблем, јас сам направив проект за изградба на енергана. Со канадската фирма која е производител на опремата