Деспотовски: Буџетот за 2015 година ја зацврстува социјалната политика на Владата

Пратеникот и претседавач на Комисијата за труд и социјална политика Благоја Деспотоски, на расправата за Буџетот за 2015 година истакна дека, Владата со предлог буџетот за 2015 година се фокусира на сите оние работи што им се неопходни на граѓаните, а најмногу вработувањата, редовната исплата на платите и пензиите за буџетските корисници, редовната исплата на сите социјални категории на луѓе кои треба да добиваат парична помош.

Тој исто така нагласи дека Владата ќе инвестира во капиталните инвестиции кои ќе значат не само подобра инфраструктура, туку ќе придонесат и за зголемување на вработеноста во Република Македонија.

-Поради ова мислам дека Владата е на вистинскиот пат и се надевам дека во наредниот период нема да има негативни надворешни влијанија, за да може сето она што е предвидено со буџетот за 2015 година да се оствари – истакна Деспотоски.

Пратеникот Деспотовски, како поранешен градоначалник на Кичево, се осврна и на проектите кои се значајни токму за Општина Кичево. Како еден од поголемите проекти кои Деспотоски го спомена беше отворањето на ТИРЗ во Кичево каде веќе со доаѓањето на првиот инвеститор од САД, фабриката Key Safety system се најавуваат голем број на вработувања. Токму со Буџетот за 2015 година се предвидуваат средства за инфраструктурно средување на ТИРЗ во Кичево, што сигурно ќе претставува добар предзнак за доаѓање на други инвеститори во оваа индустериска зона.

Од друга страна, пратеникот Деспотоски како претседавач со Комисијата за труд и социјала во своето излагање посебно ги истакна работите кои се предвидени со Буџетот за 2015 година, а тоа се: зголемувањето на пензиите од 5% во октомври 2015 година, продолжување и зголемување на бројот на корисници во 2015 година на проектот „Банско-климатска рекреација“ кое придонесува за подобрување на здравјето на многу граѓани. Исто така како голем проект го наведе и проектот на Владата за активни мерки за вработување и поттикнување на вработувањето што континуирано продолжува да се реализира и во наредната година, преку кои сите оние што имаат добри идеи ќе имаат можност да ја остварат својата бизнис идеја. Уште еден значаен проект е зголемувањето од 5% на социјалната парична помош и постојана парична помош и уште многу други проекти кои оваа Влада ги воведе.

Пратеникот напомена дека голем дел од проектите кои Владата ги предвидува со Буџетот за 2015 година се воведуваат за прв пат и се за поздравување и дека тоа е вистинската насока во која треба да се трошат парите од Буџетот на Р.Македонија.

На крајот од својот говор, тој истака дека најважното во овој буџет се континурираните влжувања во индустриските зони, со што се придонесува за намалување на бројот на невработени лица во Република Македонија.