Деструктивното сценарио на Заев доби силен удар од Груевски

Премиерот Никола Груевски, вчера, со своето обраќање во врска со аферата „Пуч“ како кула од карти ги разби конструкциите и манипулациите на лидерот на опозицијата. Неговото излегување кое беше јасно, самоуверено, базирано на докази, факти и аргументи, аналитичарите веќе го прогласија за едно од неговите најдобри обраќања. Груевски упати силен удар врз целокупното деструктивно сценарио на Заев за дестабилизација во државата.

Одговарајќи на над 25 прашања на новинарите и прецизно објаснувајќи ги сите теми и позиции, премиерот уште еднаш потвдри дека политиката ја води стабилно и го задава ударот врз деструктивната опозиција која се повеќе ја губи поддршката од граѓаните.

Јавноста по вчерашното обраќање на премиерот уште помасовно ја поддржува политиката на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ  и правопропорционално расте револтот кон соработката на опозицијата и нејзиното одработување за странски служби интереси.

Вистината излезе на виделина. Силните докази и покажаа на јавноста какво е однесувањето на фамилијата Верушевски и како тие работеле спротивно на македонските интереси.  Јавноста е фрапирана. Тие комуницирале меѓу себе со шифри, различно од комуникацијата на секое нормално семејство. Со секира се обидоа да ги уништат фајловите од компјутерот со искреирани материјали, панично ги фрлале мобилните телефони низ прозор за време на полициска акција. Вакво однесување не е својствено за луѓе кои некому сакаат да докажат дека не носат вина.

-За тоа дали лицето З.В. и неговото семејство имале или не одредени незаконски дејствија, укажуваат и нивните панични реакции во обид со секира да го скршат комјутерот, низ прозор да ги фрлат мобилните
телефони во кои испраќањето на пораки било со шифри со комбинација на броеви, и за нивната инволвираност прибавените докази МВР ги достави до јавното обвинителство и ќе бидат презентирани пред судот во понатамошната постапка. Дали некој од Вас доколку е невин, и по некој случај му дојде полиција за претрес, ќе го крши компјутерот со секира, ќе го фрла мобилниот телефонот низ прозор, и дали некој нормален човек со сопругата и децата се допишува наместо со букви, со бројки, шифри кои
секој од нив знае како да ги дешифрира и да ги претвори во текст, истакна премиерот Груевски.

Во вчерашното обраќање, Груевски ги демаскираше странските служби и домашната агентура која Верушевски ја развил во Македонија за да одработуваат за опозицијата и за странците. Се докажува дека Република Македонија и нејзините граѓани биле таргет на високо обучени професионалци со висока софистицирана опрема, потпомогнати од домашен елемент.

-Според досегашните сознанија кои ги добив од МВР зад снимањето стои странска разузнавачка служба чии главен соработник во РМ е лицето З.В. кој развил своја агентурна мрежа во Македонија. Во неговиот лап топ покрај останатите работи, пронајдени се и транскрипти на телефонски разговори преведени на англиски јазик, пред кои стои опис на имињата на лицата кои го водат разговорот и нивните меѓусеби релации, а исто така во матерјалите има и политичка анализа. И според овие информации, но и според повеќе други, со кои располагаат институциите и кои се обезбедени во процесот, јасно е дека материјалот бил наменет за надворешни лица кои не го разбираат македонскиот јазик, и кои недоволно добро ги знаат политичките и други јавни личности од РМ. Затоа било потребно да се преведат разговорите, да се опише кој со кого зборува, каква функција имат тие луѓе во Македонија и кои се нивните меѓусебни односи со цел нарачателот да има целосна и јасна слика, со анализа поткрепена со транскрипти од конкретни разговори помеѓу истакнати личности во политичкиот живот, рече Груевски.

Низ прецизни факти и докази кои ги изнесе премиерот, граѓаните сфатија дека Заев е обична марионета на странците, тој не ја разбира играта која се води против Македонија, нема капацитет за тоа и затоа изгледа како камиказа која сцесно се нафатила да одработува.

-Ако целта ми беше да го замолчам или спречам, логично би било да ги прифатам неговите уцени, како што самиот кажува, тогаш логично и било да ги прифатам неговите уцени, но јас тоа не го направив. Овде играта не е Зоран Заев, тој е само еден најобичен инструмент, камиказа, овде играта е многу поголема, преголема за неговите сфаќања. Јас не сум човек кој функционира под закани и уцени. Тоа е неприфатливо кон граѓаните и кон државата да калкулирам за националните и државните интереси, нагласи Груевски.

По вчерашното обраќање, аналитичарите велат дека Груевски  е во голема офанзива и дека сето она што опозицијата го прави е срозено со земја особено што граѓаните не приофаќаат ваков стил на игра на Заев.

Многумина прашуваат како сево ова би можело да заврши, а премиерот вчера даде одговор на тоа прашање.

-На ова прашање граѓаните ќе го дадат својот одговор, преку довербата која ја даваат и ќе ја дадат на сите нас на политичката сцена. Времето и граѓаните, се клучот, односно нивната определба дали сакаат да бидат вовлечени во ова деструктивно сценарио спремено и спакувано од страна, или ќе се насочат на реалните проблеми и на тоа кој ќе има подобра понуда и решенија за проблемите на граѓаните, подобра програма, резултати. Инаку, овој рецепт за урнисување на државата преку креирани материјали во соработка со странски служби, со наведувачки воведи, нашата опозиција треба да го патентира, рече Груевски.

Вакво нешто, посочи премиерот, досега на никого не му текнало.

-Замислете колку се би било полесно ако секој што претендира да биде сериозен политичар или партија и да води една држава, почне да соработува со служби и да креира материјал за да ја оцрни власта. Тогаш не се потребни проекти, програма, кадар, тогаш е потребен само еден човек кој е доволно очаен, и лаком, доволно слаб, за да прифати да соработува и да прибегне кон вакво сценарио. Но, времето ќе им го даде најјасниот одговор на сите нив, но и на оние кои во даден момент ќе се поколебаат и на кои ќе им повлијаат со ова сценарио, додаде премиерот.

Пропадна обидот на Заев да го намести Груевски дека е одговорен за прислушувањето. Јасно се виде дека Заев е еден од главните ликови во целата оваа операција на странските служби. Премиерот со факти, докази, аргументи и детали го потона бродот на Зоран Заев.