Македонија

Детален гравиметриски премер на цела територија на Македонија

Детален гравиметриски премер на цела територија на Македонија

Агенцијата за катастар на недвижности, денеска ќе го претстави деталениот гравиметриски премер на цела територија на Република Македонија.

Од Агенцијата посочуваат дека со реализацијата на овој проект, држава, односно македонската економија во иднина ќе има голема корист.

Во геодезијата податоците од гравиметрискиот премер се од исклучителна важност и нивната примена допринесува за  подобрување на точноста и квалитетот на геопросторните податоци, односно на координатите на геодетските точки и деталните точки со кои што се дефинираат границите на недвижностите, посебно кога премерувањата се вршат со примена на ГПС технологијата.

Податоците од гравиметриските мерења, самите или во комбинација со други податоци, можат да се користат во рударството, геологијата, хидрологијата, сеизмологијата, инженерството,  геодезијата и метеорологијата.