среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 0

Детален извештај за вториот пролетен турнир во Вардар јуниор лигата

1111111

Поврзани вести

Вчера во Штип се одржа вториот пролетен турнир во Вардар Јуниор лигата на кој настапија регионалните единици од источниот регион и младинските екипи на Вардар со генерациите 2003, 2004 и 2006.

На осумте одиграни натпревари шанса за настап добија повеќе од 120 деца. Притоа беа постигнати 41 гол, односно во просек повеќе од пет по одигран меч. Меѓу голгетерите најрасположен беше талентираниот Даријан Тасев од екипата на Мал Ајакс – Вардар од Штип (генерација 2006), кој вчера во пет наврати ги тресеше мрежите на другите екипи. Зад него со три постигнати погодоци беше Давид Голубов од ФК Вардар (исто така генерација 2006) кој воедно беше прогласен за најдобар играч на турнирот. Покрај момчињата, во листата на стрелците се запиша и една млада дама. Станува збор за Ана Михајлова која настапува за тимот на Мал Ајакс од Штип (генерација 2006).

Во продолжение ви ги презентираме сите резултати, состави и стрелци од сите средби одиграни во текот на вчерашниот ден:

Состави:
Генерација 2003
Мал Ајакс: Тодоровски, Санев, Делипетров, Смилков, Цанев, Трајанов, Митов, Глигоров, Ангеловски, Јовев, Андоновски, Давчев, Ангелов, Н. Арсов, А. Арсов, Миков

Слога: М. Арсов, Ефремов, Воинов, Темелков, Стојменов, А. Ѓорѓиев, Сали, Атанасов, Илиев, Иликаровски, Д. Арсов, Ф. Ѓорѓиев, Серафимов, Спасов, Лазаров, Миленков

Вардар: Тасев, Ричков, Анчевски, Н. Стојановски, Г. Стојановски, Здравковски, Стоилов, Каровски, Софијановски, Милошевски

Генерација 2004:
Мал Ајакс: Тодоров, Арсов, Милошев, З. Јорданов, Трајковски, Цикарски, Б. Јорданов, Хаџиков

Вардар: Василев, Љушев, Стојановски, Сурлов, Анчевски, Ивановски, Мар. Софијановски, Мат. Софијановски, Перковски, Стоилов, Милошески, Тасев

Рудар: Нанев, Илиев, Лазаровски, Кузманов, Наумов, Богатинов, Манасиев, Митров, Ников, Арсов, Димов, Савевски, Милошев

Генерација 2006:
Мал Ајакс: Тасев, Зафиров, Атанасов, Газелов, Таневски, Дејанов, Стојменова, Михајлова, Марковски, Данев, Симов

Вардар: Цониќ, Порчу, Цветковски, Митровски, Настевски, Ордевски, Ивановски, Стефковски, Танчев, Колевски, Николов, Спасовски, Патаровски, Данстак, Крстевски, Јанковски, Николовски, Голубов

Рудар: Петревски, Па. Панов, Димитриевски, Трајчев, Глигоровски, Пе. Панов, Огненовски, Заревски, Јованов, Трајанов, Тралев

Резултати:
Генерација 2003:
Мал Ајакс, Штип – Слога, Виница 3-2
Стрелци: Глигоров 2, Трајанов – Мал Ајакс; Сали, Илиев – Слога
Мал Ајакс, Штип – Вардар, Скопје 1-4
Стрелци: Санев – Мал Ајакс; Стојановски 2, Софијановски 2 – Вардар

Генерација 2004:
Вардар, Скопје – Рудар, Пробиштип 3-0
Стрелци: Анчевски, Ивановски, Софијановски – Вардар
Мал Ајакс, Штип – Рудар, Пробиштип 0-0
Мал Ајакс, Штип – Вардар, Скопје 0-6
Стрелци: Стојановски, Анчевски, Софијановски, Перковски, Стоимов, Тасев – Вардар

Генерација 2006:
Мал Ајакс, Штип – Рудар, Пробиштип 6-1
Стрелци: Тасев 4, Зафиров, Михајлова – Мал Ајакс; Трајчев – Рудар
Мал Ајакс, Штип – Вардар, Скопје 1-5
Стрелци: Тасев – Мал Ајакс; Голубов 2, Цониќ, Колевски, Јанковски
Рудар, Пробиштип – Вардар, Скопје 1-8
Стрелци: Глигоровски – Рудар; Голубов, Крстевски, Николовски, Ордевски, Спасовски, Настевски, Танчев, Патаровски

Најчитани вести