ДЕТАЛИ: Еве како починала девојката донесена мртва на Ургентен

Полицијата делумно ја расветли смртта на дваесет и тригодишната А.А. која ноќта меѓу петокот и саботата мртва била донесена пред Итна помош во Белград.

Како што објави српски „Ало“, девојката била претепана во една кафеана, а потоа исфрлена од автомобил на улица пред Заводот за итна медицинска помош во близина на автопатот Белград-Ниш.

Автомобилот од кој била исфрлена девојката заминал, а лекарите можеле да констатираат само смрт, која настанала по тешки повреди на главата.