ДЕТАЛИ: Обид за убиство во Охрид

убиство

Н.Т. е приведен по кратко време откако во 23 часот и 45 минути во полициската станица во Охрид беше добиено телефонско известување за случено пукање од огнено оружје во сендвичара „Пинк Пантер“ на улицата ,,Македонски Просветители“ Охрид. Тука пристигнал сега приведениот и забележувајќи го А.И. (33) од Охрид, настанала меѓусебна вербална расправија која набрзо преминала во жестока  тепачка. Во еден момент, сега приведениот Н.Т. од предниот дел од појасот извадил огнено оружје за кое не поседува дозвола, го вперил кон А.И. и испукал еден проектил, информираат од СВР Охрид.

Испукувањето се случило кога  А.И. сакал да се отргне од Н.Т. и го фатил за рацете со цел да го оттурне од себе. Во тој момент се случило испукување на уште неколку проектили по што А.И. се здобил со тешки телесни повреди во пределот на нозете.

Лицето А.И. е пренесено во ЈЗУ Општа Болница Охрид и по укажаната лекарска  помош е префрлено во специјална болница СВ Еразмо Охрид за понатамошно лекување.

По консултација со Јавен обвинител и по целосно расчистување на настанот, СВР Охрид против Н.Т. ќе поднесе соодветна кривична пријава.

Неофицијално, лицето кое пукало е познат криминалец, а причината е тоа што од сега ранетиот не добил доволен број на гласачи во Охрид, па револтиран од поразот го застрелал.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.