Детали за страшната сообраќајка кај Рампа

фото: Курир
фото: Курир

Едно лице загина, а пет се повредени во сообраќајната несреќа која синоќа половина  час пред полноќ се случи кај Рампа во Кисела Вода, јавува „Курир“.

Во несреќата, учествувале автомобил „лада“ со скопски таблички и патничко комбе „форд“ со српски регистарски ознаки.

На лице место во несреќата животот го загуби 31-годишниот Мирче Д. од Скопје, додека со тешки повреди се здобил 19-годишниот сопатник од „ладата“ Д.Д.Б, кој итно бил пренесен во Ургентниот центар.

Со полесни повреди поминале возачот на патничкото комбе А.Б. и неговите тројца сопатници, 42-годишната Б.Ј., М.Б. (28) и Х.С. (23), кои биле пренесени во ГОБ „Наум Охридски“.

Полициски екипи во присуство на јавен обвинител извршија увид на местото на несреќата.

Повеќе фотографии од несреќата на следниот линк.