Детали за тепачката во која беше повреден бившиот градоначалник на Охрид

МВР објави детали за тепачката во која беше повреден бившиот градоначалник на Охрид,  Александар Петрески.

Тепачката се случила вчера во 13,45 часот во Охрид на бул.„Туристичка“, во канцеларија на Агенција за недвижности „Трим Љум“, сопственост на Ќ.М.(55) од село Биџево-Струга.

Петрески бил присутен во канцеларијата, а потоа влегол и 52-годишниот С.О. од Охрид, кој започнал расправија со Ќ.М. поради нерасчистени имотно-правни односи.

Во еден момент С.О. извадил пиштол „ЦЗ“, кој го поседувал со дозвола, и почнал да им се заканува.

Тогаш бившиот градоначалник Петрески со лицето С.Ѓ.(38) село Велгошти-Охрид, му го одзеле пиштолот, по што С.О. го напуштил лице местото.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето.

Како што претходно објави Нетпрес, неофицијално во тепачката бившиот градоначалник на Охрид бил удрен со вазна во глава, поради што бил пренесен во болница и хоспитализиран.