Детали за двојното убиство и самоубиство во Волково

Четириесет и четири годишниот Дончо Ѓ. од скопско Волково вчера вечерта со пушка ја убил Снежана Н. (57) и нејзината мајка Елена В. (76), по што самиот си пресудил.

Имено, најновите детали говорат дека Снежана вчера околу 19:25 часот се јавила во полиција да пријави дека нејзиниот сосед и се заканува дека ќе ја ликвидира. Додека Снежана разговарала со полицијата се слушнало кршење, викање и плачење по што врската била прекината.

Полициски екипи веднаш излегле на местото на настанот, по што било утврдено дека Дончо со пушка ја усмртил Снежана пукајќи и во глава, а убиена била и нејзината мајка Елена која имала повреди во пределот на торзото.

По извршеното двојно убиство Дончо, кој неофицијално работел во МВР во магацин, се самозастрелал во дворот на куќата.

Како што вчера пишуваа дел од медиумите Дончо бил во љубовна врска со ќерката на Снежана. Неофицијално ќерката и внука на убиените жени веќе два месеци работи на брод.