Детали за избоденото момче во Кисела Вода

Дваесет и седум годишниот Д.М. од Скопје е момчето кое утринава паднало во рацете на крадци кои „оперирале“ во Кисела Вода, пишува порталот Курир.

Нападот се случил на улицата „Вера Јоциќ“ во зградата во која живее Д.М.

Како што објави порталот Курир, откако Д.М. ги пресретнал крадците, истите го нападнале. Едниот со остар предмет му нанел убодна рана во пределот на стомакот, а вториот во тврд предмет го удрил по главата.

Нападнатиот бил пренесен во болница каде му била пружена лекарска помош, а настанот бил пријавен во полиција.

Оттаму велат се превзмемаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на напаѓачите.