Детали за киднапирањето на малата Маша

Една од киднаперите на малата Маша ги откри деталите за грозоморниот случај на киднапирање кој ја крена на нозе цела Србија.

„Себастијан е виновен за сè. Тој го зема дури и пасошот од мојата внука и нејзина облека, а на нас ни кажа дека има намера да киднапира девојче кое личи на нашата внука дури кога тргнавме кон Романија, кај неговите роднини“, изјави Сандрин Горен на сослушувањето.

Сандрин Горе, која со својот сопруг и ќерката се осомничени за киднапирањето на двегодишната Маша П. од Вождовац, вчера на сослушувањето беше единствена која се согласи да одговара на прашањата на тужителот и тоа пренесувајќи ја вината на сопругот, Мишел Себастијан.

Сандрин раскажа дека Себастијан сето ова го смислил сам и дека за целиот план неа и нејзината ќерка ги известил дури кога тргнале на пат за Романија.

Таа објаснила дека е во тек бракоразводна парница на нивната ќерка и нејзиниот сопруг и дека Себастијан само сакал да и помогне на својата ќерка за да го добие старателството над ќерката, која е малку постара од Маша.

– Кога стигнавме во Романија, видовме дека таму децата се многу потемни од мојата внука. Мојата ќерка и јас сакавме да го одвратиме од намерата да киднапира некое дете, но не успеавме, раскажува Сандрин.

Според нејзиниот исказ, тие тројца влегле во Србија на 12-ти март преку граничниот премин Ватин кај Вршац, по што преспале во автомобилот, а потоа се упатиле кон Белград.

– Се возевме по градот и здогледавме девојче кое неверојатно многу потсетува на мојата внука. Себастијан ја одзема од рацете на нејзината мајка и ја вовлече во автомобилот. Тргнавме кон границата за да бегаме а кога видовме дека веќе нè бркаат, сакавме да го оставиме девојчето зад оградата на авто-патот, а ние да продолжиме понатаму, тврди Сандрин.

kid

Погледнете како тие всушност ја киднапираа малата Маша.

Досегашната истрага покажала дека тројцата киднапери немале помагачи во Србија, како и тоа дека нивните роднини и пријатели од градот Верс-Понт-ду-Гард, во кој живеат, во Франција, не знаеле што имала намера оваа тројка да стори.

Француската полиција контактирала и со сопругот на Кристел Еје и тој потврдил дека се разедуваат и дека е во тек голема борба за старателството. Нивните односи од неодамна биле и влошени и ќе треба повеќе време за сето ова да се