Балкан

Детали за љубовната трагедија која ја потресе Србија

Детали за љубовната трагедија која ја потресе Србија

По трагедијата која се случи во Чачак, кога момче и девојка се угушија, најверојатно од јаглеродмоноксид, на виделина излегоа детали за овој настан.

Српските медиуми јавуваат дека девојката Н.С. (21) од Чачак го преживеала труењето благодарејќи на флејтата, со која по долгогодишното свирење го зголемила капацитетот на белите дробови. Но, тоа не е единствената причина.

Нејзиното момче. Н.Н. (26) успеало да ја отвори вратата од автомобилот во кој се наоѓал со девојката, најверојатно кога почуствувал дека се гуши. Со овој потег, за жал се спасила само девојката.

Н.С. сите ја познаваат како талентирана музичарка, која завршила музичка академија, отсек флејта во Сараево. Лекарите сеуште се борат за нејзиниот живот на клиниката во Белград. Таа сеуште е во кома и е приклучена на апарати кои ја одржуваат во живот.

Н.Н. бил познат како вредно момче, кое помагало на семејството. Тој работел во фирмата на својот татко и му помагал на дедо си во водењето на два ресторани.

За потсетување, момчето и девојката ги пронашол таткото на момчето. Девојката била во автомобилот, а момчето надвор од возилото. Наводно парот по излегување во град, одлучил ноќта да ја помине заедно во автомобилот, во кој го пуштиле греењето за да се стоплат.