Детали за монструозното убиство во Велес

Едно лице е убиено, а четири се повредени, сите членови на едно семејство, откако нивниот сосед ноќеска со чекан и хебла насилно влегол во нивниот дом, и ги нападнал нанесувајќи им повреди во пределот на главата. Причина за убиството, според полициските информации, е нарушени односи меѓу соседите кои живееле куќа до куќа на улицата „Коле Цветков“ во Велес, пишува Курир.мк

„Ги убив своите монструми“ – напишал велешанецот на Фејсбук по убиството на соседот

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Велес изврши увид на лице место во семејна куќа, во која што утрово околу 2:00 часот е извршено кривично дело убиство.

Настанот се случил кога 46-годишниот С.В. со тврд предмет, најверојатно чекан, ја скршил влезната врата на неговите соседи, влегол во собата каде спиела ќерката и ја удрил со чекан по глава при што ја повредил, информираат од Обвинителството.

„Во тој момент во собата влегле родителите на девојката, па осомничениот и нив ги удрил со чеканот по главата, нанесувајќи им тешки телесни повреди, од кои подоцна таткото починал. По викотниците за помош, во собата дошле и братот на починатиот со сопругата, кои живееле на другиот кат од куќата, па осомничениот со чеканот и ним им нанел тешки телесни повреди. По извршување на делото, осомничениот се вратил дома и на социјалните мрежи објавил статус во кој известува дека ги убил „своите монструми“, се наведува во соопштението од Обвинителството.

Веднаш е приведен и од страна на надлежен обвинител до Основен суд – Велес ќе биде доставен предлог за определување на мерка притвор против него.

Истовремено, јавниот обвинител издаде наредба да се изврши обдукција на телото на починатиот, како и наредба за подигање на сите траги и материјални докази од местото на настанот.

veles fb

Ова е статусот на убиецот од Велес: „Вечерва прекинав да ќутам, 47 години откако бев нем и глув“. Велашани изутрината ги потресе веста за грозоморното убиство кое синоќа се случи во градот. По извршување на убиството, 46-годишниот С.В. објавил статус на својот Фејсбук профил.

„Фејзбук Пријатели , ја вечерва прекинав да ќутам 47 години откако бев Нем и Глув , се решив да ги убијам моите Монструми , а мое мислење е дека се и Монструми на целото Општество , се што ќе слушнете лошо за мене од овој момент па натаму , ми е натоварено од токму овие Монструми ,… Не знам кога повторно ќе успеам ( и дали ќе успеам ) да се јавам , поздрав и се најубаво , до сите Пријатели ,…“, се вели во статусот на убиецот.