Детали за мрежата на елитната проституција

Михајло Максимовиќ е под истрага поради сомнение дека организирал мрежа на елитна проституција во рамки на која неодамна беше уапсена и Милица Живановиќ, попозната како Мими Оро. Тој започнал да работи во Атина пред седум години. Во последните три години работи во Србија и во Црна гора. Во неговиот „харем“ тој има седум девојки, а месечно заработува од 5 000 до 7 000 евра, пишува српски Курир.

mihajlo-maksimovic-1420330596-604771Соговорникот на српски Курир открива детали за Максимовиќ, кој во медиумите е назначен како главно естрадно макро.

– Михајло е роден во Грција во Триполи, а семејството му е од Шабац. Со проституција и бело робје почнал да се занимава во Атина. Имал изнајмен стан, а девојките од Белград ги праќал со авион или ги возел со автомобил. Проститутките заминувале само по однапред договорена шема и веднаш се враќале во Србија. Во Грција тој престанал да работи кога девојките биле уапсени. Тоа се случило пред три години. Оттогаш работи исклучливо во Србија и Црна Гора. Оваа работа ја работи заедно со сопругата, со која во последните десет години живее во строгиот центар на Белград. Таа исто така се занимава со проституција, а нејзината работа е да ги советува девојките како да се однесуваат со клиентите, изјавил добро информираниот извор за српски Курир.

Тој исто така вели дека Мими Оро за Максимовиќ почнала да работи преку посредник пред околу година и пол.

– Со неа, исто како и со другите девојки заработката је делел 60: 40 или пола-пола. Тие за услугите наплаќале од 150 до 250 евра. Максимовиќ месечно заработувал од пет до седум илјади евра. Клиенти на неговите девојки биле фудбалери,( меѓу нив и еден поранешен фудбалер на Партизан кој до неодамна играше во Турција) сопственици на фудбалски агенции, менаџери, директори, банкари, членови на странските делегации кои доаѓале во Белград.

mimi-oro-elitna-prostitucija-foto-zorana-jevtic-1420330596-604773Како што појаснува соговорникот , се одело преку посредници. Неговиот број на телефон го имале само луѓето што добро го познавале. Тие би закажале состанок, а потоа Михајло сдо клиентите се наоѓал во кафуле. Тој на компјутер им ги покажувал фотографиите од девојките и ценовникот. Потоа тој и неговиот возач ги носеле девојките на договореното место. Девојките биле превезувани со црн „пасат“ и „мерцедес Е класа“ во главно во луксузни хотели низ Белград, а понекогаш и во куќите што Максимовиќ ги изнајмувал. Тој работел до полноќ, а потоа се враќал дома. Со работата продолжувале неговите двајца помошници. Парите секогаш ги земале девојките за Михајло да не биде сомнителен.

Според неговите информации, Максимовиќ во летниот период бизнисот го префрлал во Будва.

– Но, минатата година во Будва имаше сериозен проблем, поради што за малку ќе ја загубеше главата. На еден криминалец му го запали автомобилот, по што неговите пријатели му го унаказиле лицето. Тој беше сериозно повреден, вели соговорникот.

Максимовиќ бил два пати приведуван во последните два месеци: првиот пат во средината на ноември минатата година, но набрзо бил ослободен, а потоа повторно бил уапсен пред Нова Година. По сослушувањето бил пуштен, во се очекува дека обвинителството ќе покрене истрага против него.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.