Детали за нападот врз Алфите

На 09.09.2016 година околу 16 часот екипа на Алфа единицата пријавила дека на улica Ферид Бајрам го забележале А.Ќ., кој се бара за издржување казна затвор од 4 години со возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки.

Истиот не ја послушал нивната наредба да го запре возилото и со голема брзина се упатил кон нас.Железара. Екипата тргнала  во потрага по лицето и возилото, каде на улица Перо Наков  А.Ќ. со возилото удрил во автомобил „поло“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР на РМ.

Во сообраќајната незгода тројца полициски службеници   здобиле со ТП и со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен центар.

Истите по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.