Детали за несреќата на патот Градско – Прилеп

Камионот кој вчера се преврте на патот Градско – Прилеп е од марката Манија и е со гевгелиски регистерски таблички.

Дваесет и четири годишниот возач од Гевгелија изгубил контрола, по што се превртел на земјено проширување крај патот, велат од СВР Битола за Курир. Возачот бил пренесен во Градската болница во Кавадарци, но за среќа нема посериозни повреди.

Денес се работи на исправување и отстранување на возилото, а надлежните информираат дека нема прекини во сообраќајот.

ФОТО: Фејсбук