Детали за полагањето државна матура во средните училишта

Државниот испитен центар во текот на денешниот ден достави допис до сите средни училишта во Република Македонија, со цел детално информирање за структурата, динамиката на активностите и процедурите за непречена реализација на државната матура, која и во оваа учебна 2014/2015 година ќе се имплементира согласно досегашната Концепција за државна матура и завршен испит, односно полагањето на тестовите ќе се врши единствено во писмена форма и предметот математика ќе биде изборен за сите ученици.

Од Државниот испитен центар информираат дека согласно Процедурите за организирање и спроведување на екстерниот дел од државната матура, учениците од завршните години во гимназиското образование потребно е во текот на денешниот, а заклучно со утрешниот ден, вторник 05. 05.2015 година, до училиштата да достават нова пријава за полагањето на државната матура, објавена на интернет страницата www.matura.gov.mk.

За оние кандидати кои нема да поднесат пријава во овој рок, ќе важи последната доставена пријава до училиштето.

Екстерните испити од државната матураво учебната 2014/2015 годинаќе се реализираат според следната динамика:

  • мајчин јазик и литература на 11 јуни;
  • странски јазик на 15 јуни;
  • математика на 17 јуни;
  • хемија, физика, биологија, историја, бизнис, филозофија и естетика на 19 јуни.

Сите испити започнуваат во 10:00 часот.

Прелиминарните резултати од екстерните испити на кандидатите ќе им бидат достапни најдоцна 30 дена од спроведувањето на последниот екстерен испит.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.