Детали за полициската акција во Куманово

Во вчерашната акција во Куманово полицијата извршила претрес на три локации при што биле пронајдени четири парчиња по 200 грама ТНТ експлозив, албанско знаме со натпис Илирида, покана од УЧК, десетина ЦД-eа, мобилни телефони, СИМ картички, УСБ мемориски стикови, компјутери, фотографии и филм за апарат. По завршување на претресот приведени се Р.Р.(44) и Р.Ш.(38), соопштуваат од СВР Куманово.

Оттаму информираат дека по целосно расчистување и документирање на настанот ќе следи кривична пријава против Р.Р. поради сомнение за сторено кривично дело „недозволено држење на оружје или распрскувачки материи“.

Против истиот и во претходниот период биле поднесени кривични пријави за „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“ и недозволена трговија со оружје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.