Детали за престрелката во скопско Кондово

Вчера околу 17,00 часот било пријавено дека во село Кондово, скопско, во чајџилница дошло до меѓусебна престрелка помеѓу лицата Ј.Ј. и З.Ј. од една страна и Ќ.Н. и К.Н. од друга страна, при што се испукани повеќе куршуми од пиштоли. Во престрелката се повредени четири лица.

Ј.Ј.,Ќ.Н. и М.М.се пренесени во Ургентниот центар во Скопје, каде кај едно лице се констатирани тешки телесни повреди, додека пак кај другите двајца телесни повреди. З.Ј. е пренесен во ГОБ “8-ми септември” каде му е контатирана тешка телесна повреда.

Веднаш по добиената пријава излезено е на местото на настанот извршен е увид при што биле подигнати повеќе докази.

Од МВР велат дека по целосно расчистување и документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.