Крими хроника

Детали за разбојништвото во Велес, полицијата трага по уште еден осомничен

Детали за разбојништвото во Велес, полицијата трага по уште еден осомничен

Полицијата пронашла и лишила од слобода две лица осомничени за вчерашното филмско разбојништво во Велес, а по уште едно лице се трага.

Кривична пријава е поднесена против 32-годишниот Д.С. од село Бузалково, велешко, 25- годишниот Ќ.А. и 19-годишниот А.К. од Скопје, поради основи на сомнение дека заедно сториле едно кривично дело „разбојништво“.

Првопријавениот се товари дека сторил едно кривично дело „помагање во извршување кривично дело“, второпријавениот е осомничен дека сторил едно кривично дело „недозволено држење оружје и распрскувачки материи“.

Трите пријавени лица, како што информираат од МВР, вчера утрото се сретнале во близина на Спомен Костурница во Велес и направиле договор за поделба на улогите при извршување на кривичното дело, за што првопријавениот им давал совети и упатства на останатите две пријавени лица.

Околу 12,20часот првопријавениот кој се наоѓал пред Стопанска банка во Велес, телефонски ги известил второ и трето пријавениот дека возилото на агенцијата за обезбедување „Перпетуум Мобиле“со кое се пренесуваат пари од Стопанска банка тргнало од банката.

Второ и трето пријавениот кои биле поставени на автобуската постојка на улица „Алексо Демниевски“ наспроти „Пензионерскиот Дом“ во Велес, кога го забележале возилото, застанале пред него на пешачкиот премин, второпријавениот извадил пиштол марка „Валтер“ и го вперил кон совозачот, заканувајќу му се при тоа на возачот да не вози.

За тоа време, третопријавениот со ракохватот од пиштол – плашливец го скршил задното ветробранско стакло, земал четири касети со пари и заедно со второпријавениот трчајќи се упатиле кон нивното возило „рено еспејс“ кое било паркирано во градскиот парк. Го стартувале возилото и се упатиле кон излезот од градкиот парк, но по кратко возилото застанало, и не можејќи повторно да го стартуваат го напуштиле и избегале кон напуштена куќа лоцирана во градскиот парк, каде се сокриле.

Веднаш по примената пријава, полициски службеници излегле на лице место, за кратко време било обезбедено возилото во кое се пронајдени четири метални касети во кои според пријавата на оштетените имало 4 000 000 денари, и по превземените оперативно-тактички мерки во куќате биле пронајдени и лишени од слобода двајцата сторители.

Со наведеното, пријавените и нанеле на Стопанска банка АД-Скопје материјлна штета од 4.000.000 денари.

Сите три пријавени лица и претходно се пријавувани за кривични дела против имотот, за што на прво и второпријавениот им се изрекувани и затворски казни, додека на третопријавениот изрекувани му се воспитни мерки.

Второ и третопријавениот со кривична пријава, ќе бидат изведени пред надлежен јавен обвинител. Се превземаат мерки за пронаоѓање на првопријавеното лице.