Детали за самоубиството на газдата на Фиком

Се обеси со манила вреќа. Цела ноќ пред самоубиството излегуваше и влегуваше во затворската соба. Осуденик од затворот во Штип за Press24 вели дека не забележал некое различно однесуваше кај сопственикот на Фиком, Никола Николиќ кој утрово беше пронајден мртов во тоалет во затворот во Штип.

„Требаше да излезе на викенд. Разговаравме нормално како и секој ден. Имаше проблеми со долгови но велеше дека ќе се среди. Вечерта си легнавме како и секој ден. Ништо не покажуваше дека планира да се убие. Додека бев буден слушнав дека неколку пати излегува од собата. Потоа сум заспал. Утрово околу 5:30 го пронајдовме мртов во тоалетот. Вратата беше заклучена. Се обесил со манила вреќа“ – вели осуденик од затворот во Штип во телефонска изјава за Press24.

Никола Николиќ беше осуден за аферата ФИКОМ поради препродавање на еден ист стан на повеќе лица.