Детали за сообраќајката кај Велес: 25 повредени, меѓу нив и 6 годишно дете

Последните неофицијални информации до кои дојде порталот Курир велат дека во несреќата кај Велес се повредени 25 лица, меѓу кои и возачот.

Покрај со возила на брзата помош, повредените патници и со приватни возила биле превезувани во велешката болница и на Урегентиот центар во Скопје.

Меѓу повредените е и 6 годишно девојче.

Увидот на местото на трагедијата која денеска се случи откако се преврте автобус близу велешката патарина се уште трае, велат дежурните служби на МВР.

Според информации на социјалните мрежи за кои јавија повеќе медиуми, станувало збор за автобус кој враќал туристи од Пефкохори од Грција.