Детали за сообраќајката на булевар „Борис Трајковски“ – прегазено е 12 годишно девојче

Вчера околу 21 часот и 15 минути на булевар „Борис Трајковски“ во Скопје возило со скопски регистарски таблички удрило во во помладо женско лице.

Според неофицијални извори, до кои дојде порталот Прес24, станува збор за се 12-годишно девојче.

Девојчето веднаш било префрлено во болница каде и била укажана лекарска помош.

Од СВР Скопје потврдија дека автомобилот кој удрил во девојчето, е марка „Пасат“ со скопски регистарски ознаки.

Фото: Телеграф.мк

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.