Детали за сообраќајката пред Влада

МВР излезе со детали за тешката сообраќајна несреќа што синоќа се случи во близина на Владата на Република Македонија.

Денеска во 01,12 часот во Скопје, раскрсница од бул.„Илинден“ со бул.„Климент Охридски“ случена е сообраќајна незгода помеѓу автомобил „Мерцедес“ со скопски регистерски ознаки управувано од А.Д.(27) од Скопје и автомобил „Фиат Стило“ со кривопаланечки регистерски ознаки управувано од Д.Ј.(26) од Крива Паланка.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.Д. кој бил пренесен и задржан на Клиничкиот Центар – Скопје „КАРИЛ“.

Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.