Детали за сообраќајката на патот Битола-Прилеп

На патот Битола–Прилеп, поточно кај надвозникот за с.Беранци вчера се случила сообраќајна незгода.

Во несреќата П.Ј.(58) од Скопје, управувајќи возило „Пежо 207“ со скопски регистарски ознаки изгубил контрола над истото и излетал од патот во нива.

Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот и неговата сопруга П.Н.Ј.(57), додека сопатничката Цветанка П.(74) од Битола се здобила со тешки телесни повреди, при што починала во Клиничка болница Битола.