Македонија,Крими хроника

Детали за сообраќајката во Радишани, момчето возело со 150 км/ч

Детали за сообраќајката во Радишани, момчето возело со 150 км/ч

Според полицајците кои вршеа увид возачот движел со околу 150 километри на час по улицата кога го закачил тротоарот и полетал со возилото во воздух. Немајќи никаква контрола продолжил право, се забил во паркирана “буба” и неколку пати се превртел, пишува Вечер.

Во несреќата искршени се 7 автомобили, а според сопственикот на автосервисот кој се наоѓа во близина, чудо е како двете повредни момчиња преживеале.

– Не знам што да ви кажам, гледате и сами. И јас се чудам како преживеал. Автомобиливе беа оставени за поправка кај мене, вели тој за Вечер.

„Опелот“ бил управуван од 26-годишниот Д.М., а во истиот како сопатник се наоѓал 22-годишниот Е.А. Во автомобилот можеле да се видат десетина неотворени лименки пиво, а според сведоци имало и неколку празни.

Двете момчиња се полесно повредени.