Детали за тешката сообраќајка во Охрид

Едно лица се здоби со тешки телесни повреди во сообраќајната незгода што синоќа во 18 часот и 50 минути се случи на регионалниот пат Св.Наум – Охрид кај Хидробиолошки Завод.

Во сообраќајната незгодата со тешки телесни повреди односно повеќе фрактури и повреда на внатрешни органи, се здобила М.П. (27) од Охрид која на регионалниот пат, од правец на Пештани кон Охрид управувала патничко моторно возило марка „Шкода-Фелиција“ со охридски регистарски ознаки. Таа, со возило на брза помош е пренесена во медицински центар Охрид оддел за хирургија каде и е укажана неопходна медицинска помош.

Оттука, поради сериозноста на повредите М.П. е пренесена на клиниките во Скопје на понатамошно лекување.

Тешката сообраќајната незгода се случила кога сега повредената, на критичнито место изгубила контрола над возилото и со левиот дел од автомобилот удрила во ивичњак на левата страна по што возилото се занесло преку коловозот и излетало надвор од коловозната лента удирајќи во патоказ и дрво.

По наредба на Јавен обвинител, на местото на сообраќајната незгода увид извршија вешто лице и полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид. За време на увидот немаше  прекин на сообраќајот а врз патничкиот автомобил „Шкода-Фелиција“ ќе биде извршено дополнително вештачење.