Детали за тетовската семејна драма

Голема семејна трагедија вчера попладнето се случи во Тетово, откако познат доктор кој поради здраствени причини порано заминал во пензија, со јаже си го задавил 27-годишниот син со нарушено ментално здравје, па потоа си пресудил на самиот себе.

Според првичните и засега сеуште не официјални информации, таткото А.Е. прво го обесил својот син В.Е. а потоа и самиот, со бесење, си го одзел животот во текот на вчерашниот ден во 11 часот во нивната семејна куќа која се наоѓа на крстосницата на улиците “Видое Смилевски Бато“ и “Предраг Јначески“. Како што пренесува Вест, телата ги пронашле сопругата и мајката.

За причините за оваа семејна трагедија засега има само нагаѓања. Докторот бил вработен во Здравствениот дом во Тетово. Еден период имал приватна амбуланта каде работел како матичен лекар, но набрзо повторно се вратил во Јавното здравство во Одделот за детска превенција и вакцинација. Важел за совесен и добар лекар, но последните неколку години, имал нарушување на менталното здравје. Вест пишува дека синот на докторот уште од детството имал нарушено ментално здравје.