Македонија,Крими хроника

Детали за трагичната сообраќајна несреќа кај Македонски брод

Детали за трагичната сообраќајна несреќа кај Македонски брод

На регионалниот пат Македонски Брод-Кичево на местото викано ,,Глана,“ Горан А.(38) од Македонски Брод, управувајќи патничко моторно возило „Комбе“ со кичевски регистарски таблици, од засега непознати причини изгубил контрола над возилото, удрил во дрво, по што паднал во река.

Како што соопштуваат од МВР, настанот се случил вчера околу 11. 30 часот.

Лицето било извадено од реката, и пренесен во медицински центар Прилеп каде од страна на доктор е констатирана смрт.

На местото на настанот извршен е увид.