сабота, 19 август 2017  |  Вести денес: 21

Детали за трагичната сообраќајка кај Струмицa

soobrakajka-2

Последни вести

 

Две момчиња загинаа во сообраќајна несреќа која се случила ноќеска на регионалниот пат од Банско до село Габрово во близина на Струмица, информира полицијата.

Според информацијата во несреќата животот го загубиле 26-годишниот Н.С (1991) од село Моноспитово и 15-годишниот Филип Лазаревски. (2002) од село Бориево.

Од МВР соопштуваат дека денеска во 13:30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на овој пат бил пронајден моторцикл излетан од коловозот со две непознати лица кои биле починати. Увидот се уште трае.

Лазаревски  беше еден од најперспективните млади фудбалери на Македонија,  беше член на младинска фудбалска репрезентација до 15 години и на фудбалската академија Пандев.  Струмица по информацијата за смртта на двете момчиња е завиена во црно, а нејзините жители обвиени во тага.

 

Најчитани вести