Тројно убиство во Волково: Поранешен полицаец застрела две жени, па се самоуби

Тројно убиство вечерва во Волково. Четириесет и петгодишен полицаец најпрво ги убил мајката и бабата на неговата љубовница, а потоа сам си пресудил.

Станува збор за мајката (60) и бабата (80) на неговата љубовница. Убиството се случило околу 19.15 часот, известува репортерот на ТВ Нова од терен.

На убиството му претходела расправија која завршила трагично.

-Мотивот за убиството најверојатно била недозволена љубов со ќерка односно внука на убиените, објави Телма.

Во скопско Волково забележливо е и силно полициско присуство, кое го обезбедува местото на убиството и ја спроведува истрагата за злосторстовото

-Убиството е пријавено во 19 часот и 40 минути, велат од полицијата.

Полициска екипа е излезена на терен.