Македонија,Крими хроника

Детали за убиството во Ченто: Пукано со автоматско оружје во автомобил

Детали за убиството во Ченто: Пукано со автоматско оружје во автомобил

Истрели од автоматско оружје доцна синоќа ја потресоа скопската населба Ченто. По кратко време полицијата соопшти дека е убиено едно лице.

Според првичните информации убиството се случи околу 22.30 часот на улицата Алија Авдовиќ во скопската населба Ченто, во близина на црквата Свети Ѓоргија.

Неофицијално, две непознати лица, со автоматско оружје пукале во автомобил „мерцедес“, во кој е пронајден убиениот.

Засега нема податоци за идентитетот на жртвата, ниту за мотивот за убиството.

Полицијата работи на случајот, повеќе детали во текот на денот.