Детали за убиството во Демир Хисар

Синоќа околу 2:30 часот, со истрел од ловџиска пушка, 69 годишниот Миле И. од селото Мренога во Демир Хисар го застрелал својот четириесет годишен син Добре и уште едно 21 годишно момче.

Второто момче, 21 годишниот Александар В. починал на лице место.

Инцидентот се случил утрово додека трите лица заедно биле на криволов.

Според последните податоци, 40-годишниот Добре има повреди на 4-от и 5-от рбетен пршлен од металните парчиња кои се распрскале во грбот и првично не покажувал знаци дека сам ќе може да ги движи рацете и нозете. Добре е пренесен во Здравствениот дом во Демир Хисар, откаде е префрлен на скопските клиники.

Лекарите велат дека уште е рано да се прогнозира дали ќе има трајни последици.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.