Детали за убиството во Охрид

охрид

Според информациите од СВР – Охрид, станува збор за извршител на кривично дело „разбојништво со последица смрт“, при што смртно била повредена 67-годишната Спаса Б. од Охрид, која сама живеела во нејзиниот стан во зграда на улица „Галичица“ бр. 31 во Охрид.

Првичниот увид спроведен на местото на настанот покажува дека вчера во периодот меѓу 11:30 и 19:25 часот непознат сторител влегол во станот на жената, напаѓајќи ја со ладно оружје, најверојатно нож, притоа нанесувајќи и убодни рани во пределот на главата, вратот и телото, а потоа извршил пребарување низ собите.

Потоа сторителот на делото незабележано го напуштил станот, притоа заклучувајќи ја влезната врата.

zgrada ohrid

По наредба на Јавниот обвинител врз телото ќе биде извршена обдукција во Медицинскиот центар во Битола.

Инаку, жителите на улица „Галичица“ се вознемирени од настанот, притоа изјавувајќи дека ништо не забележале ниту слушнале, дека за случајот разбрале од медиумите.

Пред десеттина дена непознато лице се обиде да ја ограби и продавницата на ул „Галичица“ што се наоѓа во непосредна близина на синоќешното убиство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.