Детали за вадењето на телото на сопругот и автомобилот од езерото Калиманци

Причината за смртта на сопругот што влета со сопругата во водите на езерото Калиманци е давење со вода.

Вчера околу 17.45 часот од страна на нуркачкото одделение од ЕСЗ, а во присуство на Јавен обвинител и увидна екипа од НККР Делчево, од водите на браната Калиманци извадено бил автомобил „Форд Фиеста“ со штипски регистарски ознаки.

Притоа на возачкото седиште било безживотното тело на Д.С. (41) од Македонска Каменица.

Од страна на мртвопроверител констатирано е дека причина за смртта е давење во вода, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.