Крими хроника

Детали за вчерашната автобуска несреќа кај Велес

Детали за вчерашната автобуска несреќа кај Велес

Туристичкиот автобус кој во неделата околу 19 часот излета од коловозот кај Велес при што една жена го загуби животот и уште друго 26 патници се повредени, бил во сопственот на скопската компанија „Бус Травел“, а со него управувал 48-годишен возач, соопшто во понеделникот Министерството за внатрешни работи додека се’ уште трае увидот на местото на несреќата.

„Вчера околу 18:50 часот на автопатот А-1, Велес – Скопје, поточно на 250 метри пред зимскиот пункт на ’Македонија Пат’, се случила сообраќајна несреќа во која што автобус марка „Неоплан“ со скопски регистерски ознаки сопственост на ’Бус Травел’ ДПУ ДООЕЛ Скопје, а управуван од возачот А.Н. (48) од Скопје, излетал надвор од коловозот и слетал во провалија“, се наведува во соопштението на МВР.

Во несреќата покрај возачот, поведени беа и сите 27 патници, кои со возила на Итната медицинска помош беа пренесувани во болници во Велес и Скопје.

Ноќта на скопскиот клинички центар повредите им подлегна 68-годишна жена, којашто министерството а идентификува со иницијалите Н.П.

Увид на лице место изврши Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес во содејство со увидна екипа од СВР Велес.

На лице место излезе и екипа на Територијална противпожарна единица од Велес. Сообраќајот на таа делница од патот се одвиваше отежнато по една коловозна лента.

МВР информира дека увидот на лице место ќе продолжи и во текот на денешниот ден.