Детали за вчерашната сообраќајка кај Катланово, повредени 3 лица

Во сообраќајната несреќа патничко моторно возило „Мерцедес Бенц“ со струмички регистарски таблизи, управувано од С.Ѓ. (46) од Село Просениково, Струмица удрил во заштитната ограда и излетал од коловозот.  По излегување  од страна на униформиран полициски службеник од БПС-Петровец за обезбедување на местото на настанот, друго патничко моторно возило „Голф“ со струшки регистерски таблици управувано од С.А.(39) од село Порој, во кој бил и сопатникот Ф.И.(36) од Скопје, удрило во патничко моторно возило „Мерцедес Бенц“, а потоа и во службеното полициско возило во кое бил полициски службеник и излетало од коловозот.

Со возило на итна медицинска помош полицискиот службеник е пренесен во ГОБ-Скопје каде од страна на лекар констатирани му биле телесни повреди и е задржан за понатамошно лекување, додека С.А. и сопатникот од истото возило биле пренесени во КЦ-Скопје каде од страна на лекар им биле констатирани тешки телесни повреди и се задржани за понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршил ЈО и  увидна екипа на СВР-Велес и се работи на целосно расчистување на случајот.