Свет

Секои десет минути во светот се раѓа дете без државјанство

Секои десет минути во светот се раѓа дете без државјанство
Сириска мигрантка се породи во Скопје

Секои десет минути во светот се раѓа дете без државјанство, а тој проблем дополнително е засилен и поради војната во Сирија, која ја предизвика најголемата миграциска криза во Европа од 1945-та година.

Секои десет минути во светот се раѓа дете без државјанство
Секои десет минути во светот се раѓа дете без државјанство

Ова го покажуваат податоците на ОН, која до 2024-тата сака да го укине статусот на апатридите.

Според извештајот што утре ќе биде претставен во седиштето на ОН во Њујорк од страна на високиот секретар на ОН за бегалци Антонио Гутиерес, „проблемот  и натаму ќе расте“.

Во земјите со најголема популација на апатриди, Мјанмар, Обала на слоновата коска и Тајланд, секоја година се раѓаат најмалку 70.000 деца апатриди.

Тие деца може да се соочат со голем број проблеми што ги прогонуваат низ целото детство и ги осудуваат на живот во дискриминација, фрустрација и очај, вели Гутиерес во кои ги истакнува потешкотиите на тие лица за пристап до образование, здравствена заштита и вработување.

Во конфликтите…