Секои десет минути во светот се раѓа дете без државјанство

Во конфликтите посебно е голема опасноста за новородените деца што не се пријавени. Токму таква ситуација предизвика војната во Сирија, затоа што натера четири милиони лиѓе да ги напуштат сопствените домови. Додека Сиријците бегаат во Европа, голем број нивни жени раѓаат деца по пат.

Сириските деца може да добијат државјанство само по таткото. Но речиси 25 отсто од семејствата поради конфликтот останаа без татковци што може да ја потврдат нивната националност, а изводот е единствен документ со кој се докажува државјанството на детето во голем број случаи, истакнува УНХЦР.

Пријавата на децата родени во земјите на азил е од „животна важност за тие деца“ затоа што голем број од нив се раздвоени од нивните родители или семејства. На тој начин тие би можеле да се заштитат од статусот апатриди и да им се помогне на децата да се вратат во Сирија кога за тоа ќе бидат создадени услови, наведува ОН.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.