Дете-бомбаш спречено да се разнесе пред џамија во Киркук (ВИДЕО)

На интернет се појавија потресни фотографии и видео снимка на кои се гледа како ирачки полицајци отстрануваат појас со експлозив од телото на вознемирено дете на возраст од 12 или 13 години, јавија денеска британските медиуми.

Снимката прикажува како припадници на курдските сили за безбедност во  ирачкиот град Киркук се борат со детето, кое е видно  вознемирено.

Младиот припадник на таканаречената Исламска држава, кој на себе имал дрес од фудбалскиот клуб Барселона со слика на Лионел Меси на заднината, наводно се расплакал кога ирачките полицајци вчера го фатиле во Киркук, северно од Багдад.

По кратката борба, појасот со експлозивот му бил симнат од телото на детето, а тоа било приведено.

Ирачката полиција тврди дека детето планирало да се разнесе пред една шиитска џамија во градот.