Дете искасано од кучиња во Карпош

Уште еден немил настан, во кој куче повторно искаса дете, оовој пат во населбата Карпош.

Вчера 20.30 часот во полициската станица Карпош, лицето Т.С. (50) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 17.20 часот, на ул. „Волгоградска“, од страна на две кучиња бил каснат неговиот 10-годишен син, при што му биле нанесени видливи повреди – расекотини на двете нозе.