Двегодишно дете излегло од градинка и само влегло во автобус

Двегодишно дете синоќа околу 18 часот излегло само од градинката „Ѕвездена прашина“ во Белград и влегло во автобусот кој сообраќал на линијата 72, пишуваат српските медиуми.

Како што се наведува, возачот на авотбусот забележал дека детето е само, по што веднаш ја повикал полицијата, која брзо дошла на местото на настанот.

Се претпоставува дека детето, следејќи други родители, само излегло од градинката и влегло зад нив во автобусот.