Дете киднапирано од својот дом во Скопје

Двајца маскирани разбојници во попладневните часови киднапирале 12 годишно момче, откако претходно насилно провалиле во станот во кое живеело во близина на комплексот Чаирчанка.

Порталот коха.мк пренесува дека во моментот на киднапирањето во станот се наоѓал помалиот брат на киднапираното момче. Блокирана е целата област од страна на полицијата а запрен е и сообраќајот на Цветан Димов. Официјално полицијата се уште го нема потврдено случајот, a забележано е големо присуство на насобрани граѓани на самото место.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.