Дете киднапирано поради долг на мајката во Валндово

Во четвртокот 06:20 часот во Валандово, на автобуската станица, Ж.К. од Валандово, со уште едно непознато лице го земала детето на Д.К.(31) од Валандово,со намера да го превезе до Битола, а истата требала да оди во Охрид.

Откако тргнала кон Битола, истата застанала и побарала од Д.К. да и врати некој заостанат долг и додека не го стори тоа, нема да го види детето.

Откако се договориле, Ж.К. го вратила детето на автобуската станица во Валандово и заминала да се договори со нејзините родители за парите, по што го земале детето, а кај Ж.К. останале патните торби.

Од страна на униформиран полициски службеник од Полициска станица Валандово преземени се мерки, обавени се разговори и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.