Балкан

Загина дете на мигранти во водите на Егејското Море

Загина дете на мигранти во водите на Егејското Море

Уште едно дете на мигранти загина во водите на Егејското Море. Грчката крајбрежна стража презела спасувачка операција во реон југоисточно од островот Иос во Егејско Море во потрага по дете на мигранти, информира весникот њуз.ин.

Грчките власти биле информирани од турската крајбрежна стража дека малото дете, заедно со други мигранти, паднало во морето при превртување на нивниот чамец.

Во турски територијални води било пронајдено телото на еден мигрант и биле спасени 43 лица. Турците сметаат дека детето веројатно е мртво. Тие ги информирале грчките пристанишни власти, откако морските струи го однеле кон Грција.