Дете мумија постојано трепка

Розалија Ломбардо починала во 1920 – та година од воспаление на белите дробови, а нејзиниот татко не можејќи да ја поднесе болката го замолил локалниот балзамер, Алфред Салафи да ја мумифицира.

Иако почива меѓу илјадници други мумии во Капучин катакомбите на Сицилија, Розалија најмногу привлекува внимание. Причината е тоа што Розалија секој ден ги движи очите. Пред пет години кустосот, Дарио Пјомбино Маскали  го разоткри митот за мумијата девојче која и покрај се не престанува да ги шокира научниците:

– Во прашање е оптичка илузија заради светлината кои страничните прозорци ја филтрираат, а чиј интензитет во текот на денот се менува, им рече на репортерите.

Пјомбино ја разоткри оваа мистерија кога работниците преместувјаќи го ковчегот со мумифицираното тело на малата Розалија, се помрдна. Тогаш по пр пат можеше да погледне во нејзините очи појасно, како никогаш порано.

– Нејзините очи не се целосно затворени и вистина е дека никогаш не ни биле, изјави антропологот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.