Дете повредено со куршум во гостиварско

Десетгодишно дете, играјќи си во куќата на неговиот дедо во село Зубовце во Гостивар, додека бил сам во една од собите, со леткум загревал куршум од гасен пиштол во пределот на капислата, при што истиот пукнал и му нанел повреда во пределот на показалецот на левата рака, јавуваат денеска од МВР.

Повреденото дете е пренесено во Медицински центар -Гостивар и по укажаната лекарска помош е пренесено во Медицински центар -Скопје.

Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица – Гостивар